Технолошката компанија неодамна го претстави својот подбренд CMF, кој досега беше фокусиран на достапни додатоци за паметни телефони.

Станува збор за Nothing и нивниот CMF Phone 1 кој продаде 100.000 примероци за само три часа по цена од 200 евра.

Оваа вест ја споделија на X платформата, велејќи дека таа бројка последен пат ја постигнале со Nothing Phone (2а), но за 24 часа.

Во изјава за GSMArena, ко-основачот на Nothing, Акис Евангелдис, рече: „По огромниот успех на Phone (2a) во март, CMF Phone 1 носи вистинско освежување во сегментот на буџетски телефони кој во последно време е досаден и запоставен“.

„Продажбата не е нашата крајна цел, туку резултат на создавање одлични производи што ги сакаат корисниците. Ние сме исклучително благодарни за позитивниот прием на пазарот и постигнувањето на овој рекорден резултат на првиот ден од продажбата“, додаде тој.