Група инвеститори, вклучувајќи го и американскиот претприемач Џаред Кушнер, го најавија преземањето на американскиот производител на видео игри Electronic Arts (EA) за 55 милијарди долари.

Трансакцијата ги вклучува фондовите за приватен капитал Silver Lake и Saudi Public Investment Fund, а се очекува да биде завршена во првиот квартал од фискалната 2027 година, по добивањето на регулаторни одобренија и согласност од акционерите, објавува порталот Verge.

По завршувањето на трансакцијата, EA ќе остане со седиште во Редвуд Сити, Калифорнија, и ќе продолжи да ја води Ендру Вилсон како извршен директор. Акциите на компанијата повеќе нема да се тргуваат јавно, што ќе ја направи EA приватна сопственост.

Се очекува дел од трансакцијата да биде финансиран со комбинација од готовина и долг, додека PIF ќе задржи дел од своите постоечки акции во EA.

Electronic Arts е познат по спортските видео игри од сериите FIFA, Madden NFL, NBA Live, NHL и F1, како и игри како Need for Speed, Sims, Battlefield и други.