Иако и натаму е релативно висока бројката на новозаразени со коронавирусот, сепак поголем дел од експертите очекуваат дека ќе имаме „помирно“ лето.

Во поедини европски земји се размислува за можностите „старо нормално“, за оние кои што веќе ги примиле двете дози од вакцините.

Најдобриот показател за тоа колку вакцинацијата има удел во тоа е Израел во кој што луѓето моментално се на чекор од животот кој што го живеевме пред пандемијата.

Прашањето кое што најмногу ги мачи луѓето кои што се вакцинирале – дали вакцинираните можат да се заразат и по две примени дози од вакцината?

Во разговор за хрватскиот портал „Вечерњи Лист“, имунологот Златко Тробоњаќ и молекуларниот биолог Ненад Бан од Универзитетот во Швајцарија дале одговор.

Златко истакнува дека по една примена доза од вакцината ние веќе имаме имун одговор, но дека истиот е значително повисок и поефектен по втората доза.

„Ефикасноста на АстраЗенека е околу 80 отсто, а на Фајзер и Модерна над 90 отсто. Тоа значи дека наведените проценти од вакцинираните нема да се разболат симптоматски по двете дози од вакцината, барем шест месеци, меѓутоа проблемот е фактот што и натаму во тој процент влегуваат 20 отсто од асимптоматските случаи.

Значи по двете дози од вакцината ние може да очекуваме да имаме 10-20 отсто од оние кои што можат симптоматски да се заразат, дополнително 20 отсто од оние асимптоматските и 60-70 отсто од оние кои што ќе имаат т.н. асимптоматска имуност, т.е. оние кои што нема да можат воопшто да се инфицираат“, објаснува докторот.

Имунологот вели дека по двете примени дози од вакцината речиси во 100 отсто од случаите вакцинираните се заштитени од потежок облик на болеста.

„Да се прележи грип во траење од 5-7 дена, предизвикана од SARS-CoV-2 вирусот по вакцината не е проблем. Тоа не значи дека можеби нема да се случи по некој потежок облик на коронавирус меѓу вакцинираните, но тие ќе бидат ретки“, додава тој.

Молекуларниот биолог Ненад Бан вели дека реинфекција по вакцинациите не е необична појава:

„Причината зошто е можно човек да се зарази по вакцинацијата е различните типови на антитела кои се одговорни за борбата против инфекцијата во крвта и во дишниот систем. Вакцината ќе ги поттикне антителата во крвта, но не е секогаш ефикасна во поттикнувањето на т.н. IgA антитела кои што ја штитат мембраната во дишниот систем. За жал, тоа значи дека човекот може да се зарази и по вакцинацијата“, вели Бан.

Извор: Вечерњи Лист