Колку повеќе луѓе се вакцинираат ширум светот, толку повеќе информации пристигнуваат за нуспојавите, без оглед на тоа која вакцина ја примиле.

Некои од луѓето по вакцинацијата денот го поминуваат лежејќи во кревет, а други нема да почувствуваат баш никакви последици. Која е причината за тоа?

Милиони луѓе кои што ја примиле вакцината против Ковид-19 искусиле нуспојави и тоа е добар показател дека имунолошкиот систем се подготвува да одговори во случај на зараза, но доколку таквите знаци изостанат нема причина за грижи, велат експертите и додаваат дека нуспојавите се разликуваат од личност до личност.

Различните имунитети се главната причина за различните реакции

Д-р Роберт Финберг, професор на Универзитетот во Масачусетс, појаснил дека телото развива две реакции на вакцините: иницијален одговор на имунолошкиот систем и адаптивен имунолошки одговор кој што настанува подоцна и помага во заштитата при подоцнежната средба со вирусот.

Долготрајниот адаптивен одговор се потпира на Т и Б клетките на имунитетот кои што учат како да го препознаат вирусот, поточно неговиот протеин. Доколку се појави повторно, тој одговор имунитетот ќе го препознае како стар непријател и ќе започне со произведување на антитела кои што ќе го уништат, објаснил докторот.

Д-р Марк Лоафман, за NBC 5 изјавил дека реакцијата на организмот всушност е рефлексија на тоа колку имунитетите ни се разликуваат.

„Секој имунолошки систем е мозаик на тоа што сме го нашле, на тоа низ што поминуваме моментално и што го имаме во себе. Индивидуалните одговори варираат од личност до личност“, објаснил тој.

И генетиката има улога при имунолошкиот одговор

Д-р Крис Томпсон, имунолог на Универзитетот во Америка изјавил дека вакцината реагира различно поради многу причини, па споменал дека општото здравје, генетиката, животната средина, полот и годините се само дел од факторите кои влијаат на тоа.

Дури и доколку се чувствувате добро по вакцината, тоа не значи дека вашиот организам не дал добар имунолошки одговор.

Моќноста на реакцијата не говори за вашата моќност на имунитетот

Најчесто се јавуваат последици како болки, црвенило, оток, умор, главоболка или мачнини, наведуваат експертите, но било кои од тие симптоми, без оглед на тоа дали се послаби или појаки, не значи дека вакцината довела до намалување или зголемување на имунитетот.

Недостатокот на реакција по примањето на вакцината не значи дека вакцината не делува.

„Доколку не сте имале реакција тоа не значи дека вашиот имунолошки систем не функционира. Не би се фокусирал на таквата реакција како доказ за делување на лекот“, вели д-р Џејмс Фернандез.

Извор: Srbija Danas