Дарко Гацов, главниот оперативен директор на Singular, e дел од листата Gaming Intelligence Hot 50 како еден од највлијателните луѓе во индустријата.

Еден од најголемите медиуми во iGaming индустријата на светско ниво е Gaming IntelligenceGaming Intelligence Hot 50 има за цел да ги одбере и да ги истакне највлијателните личности и умови коишто имале значително влијание во целата индустрија на глобално ниво.

Во изминатата 2021 година, како резултат на техничкиот капацитет, културата на работење и потенцијалот, како на компанијата така и на тимот, Singular стана дел од интернационалната дивизија на Flutter. Дарко Гацов беше препознаен како еден од клучните фактори кои дополнително придонесоа за преземањето на Singular. Од неговите почетоци со формирањето и растењето на adjarabet.com во светски препознаен бренд, Гацов веќе беше изложен на индустриската мапа. Неговите удели кон изложување на Грузија како прогресивен, брзорастечки пазар кој привлече меѓународно внимание и многу аквизиции дополнително го потврдија неговиот капацитет.

Со неговото номинирање како еден од 50 највлијателни личности во индустријата, Гацовго потврди неговиот препознатлив квалитет. Благодарение на неговото водство, Singular е мултинационален бренд со уникатна технологија и иновативни продукти. На листата на Gaming Intelligence Hot 50, оваа година се наоѓаат дури 6 претставници на Flutter, издигнувајќи ја на прво место по број на номинации.

„Да се биде дел од оваа листа е огромен успех не само лично, туку и за Singular и Flutter како компанија. Аквизицијата од страна на Flutter е само почетокот на нашите успеси. Несомнено сите достигнувања се симбиоза на работата и посветеноста на целосниот тим, на културата која ја негуваме и секако на производите кои ги пласиравме на глобалниот пазар. Сите позитивни промени кои се случија само потврдуваат дека сме на правиот пат и дополнително ме мотивираат да си ги оствариме сите наши соништа и цели во сега едно поголемо и посериозно поглавје.“ – истакнува Гацов.