Samsung вчера ја претстави својата Galaxy S21 серија телефони, кои се појавија на пазарот на 29 јануари. Претпродажбата на новите модели веќе започна, а ќе трае од 14 до 28 јануари.

Корисниците кои ќе нарачаат еден од новите модели (Galaxy S21, Galaxy S21 Plus и Galaxy S21 Ultra) ќе го добијат новиот Samsung SmartTag локатор и безжичните слушалки Galaxy Buds Pro или Galaxy Buds Live, во зависност од условите на понудата и залихите.

Регистрацијата за Samsung SmartTag локатор, Galaxy Buds Pro или Buds Live мора да заврши до 21. февруари 2021 година, преку преинсталираната апликација Samsung Members на новите Samsung Galaxy S21 Ultra 5G, S21 5G или S21+ 5G телефони.

Испораката на Samsung SmartTag локаторот, Galaxy Buds Pro или Galaxy Buds Live слушалките ќе почне на 15 февруари 2021 година и ќе трае до 15 март 2021 година. Продажбата и испораката на Galaxy S21 Ultra 5G, S21 Plus 5G и S21 5G моделите ќе почне на 29 јануари.

Јужнокорејската компанија во рамките на програмата за лојалност на Samsung, апликацијата Samsung Members, подготви бројни попусти, поволности за изненадувања, за довербата што корисниците и ја даваат на компанијата. Повеќе за тоа, како и за претпродажбата на Galaxy S21 серијата можете да дознаете ТУКА.