Корисниците на веб-прегледникот Google Chrome се предупредени дека треба да избришат две екстензии за кои е утврдено дека крадат податоци. Станува збор за UpVoice и Ads Feed Chrome.

Поднесена е тужба против производителот на двете екстензии, откако беше откриено дека ги земаат податоците на корисниците без дозвола од апликациите Facebook и Instagram.

Исто така, се нагласува дека и двете екстензии биле достапни за преземање од официјалната продавница на Chrome од септември, односно ноември минатата година. Оттогаш биле преземени меѓу 5.000 и 10.000 пати, што значи дека илјадници корисници се изложени на ризик.

Во тужбата се тврди дека се загрозени податоците на луѓето кои ги користат апликациите Facebook, Instagram, Amazon, Twitter, LinkedIn, Pinterest и YouTube

Корисничкото име, полот, датумот на раѓање, љубовниот статус и информации за локацијата на корисникот беа меѓу податоците што овие екстензии недозволено ги присвојувале, заедно со преференциите за рекламирање и други параметри кои покажуваат како корисниците комуницирале едни со други.

Извор: B92.net