OnePlus ја продолжи својата кампања за објавување тизери за OnePlus 8T телефонот, што ќе биде претставен на 14. октомври. Овојпат имаме увид во комплетниот дизајн на уредот, преку најновото тизер видео. OnePlus 8T е прикажан во Aquamarine Green варијанта на боја.

Според наводите на компанијата, оваа верзија на телефонот пристигнува со исклучителна, полирана стаклен позадина. Видеото ги прикажува слоевите што го надополнуваат финишот со отсјај, за да формираат единствена нијанса помеѓу зелената и сината боја.

Она што особено се истакнува е новиот дизајн на системот за камери, кој досега не е виден кај OnePlus уредите. Дизајнот многу потсетува на неодамнешните телефони на Samsung, како и на некои модели на Oppo и Realme.

OnePlus 8T ќе има 120Hz 1080p+ AMOLED екран, ќе го покренува Snapdragon 865 чипсет, а батеријата ќе поддржува полнење од 65W.

Во меѓувреме, JD.com објави неколку фотографии што подобро го покажуваат смартфонот.