Почнуваат да се појавуваат се повеќе протечени информации за Galaxy S21 серијата, како што се приближуваме до официјалната објава на смартфоните, која се очекува во текот на јануари. Овој пат, дојавувачот @UniverseIce ни нуди информации за некои од главните карактеристики на Galaxy S21 Ultra моделите.

Samsung Galaxy S21 Ultra би требало да има 120Hz Dynamic AMOLED LTPO панел, а ќе биде во состојва да поддржува високи стапки на освежување при WQHD резолуција. Постоечките премиум телефони на Samsung имаат 120Hz дисплеи, но ова освежување е достапно само кога екраните се користат во FHD+ резолуција. Употребата на LTPO панел овозможува варијабилна стапка на освежување, што ја намалува и потрошувачката.

Останатите специфиции што ги открива @UniverseIce, вклучуваат поддршка за 45W брзо полнење и 108MP HM3 главен сензор за камерата.

Samsung планира Galaxy S21 серијата да ја претстави порано од вообичаеното, а гласините сугерираат кон средината на јануари. Телефоните би се нашле во продажба до крајот на јануари, а се очекуваат три модели како кај Galaxy S20 серијата.