Во случај да ви треба одредено „загревање“ пред првото прикажување на следната GTA игра, Rockstar создаде плејлиста на Spotify со музика од радио станици во претходните наслови на GTA.

Игрите од серијата Grand Theft Auto се познати, меѓу другото, и по лиценцираната музика која се емитува на радио станиците во играта. Музиката е избрана според епохите во кои се одвиваат игрите, а се застапени различни жанрови, а овде може да се слушне се – од класици до нови композиции на актуелни музичари.

Деновиве Rockstar ја објави официјалната плејлиста Grand Theft Auto Radio на сервисот Spotify, со цел да им овозможи на играчите да се подготват малку пред премиерата на следната GTA игра на почетокот на декември.

Во оваа официјална листа, нема да ги слушнете сите песни што некогаш биле пуштени во GTA игрите, тука има околу стотина од нив. Но, има уште некои класици присутни, па ќе ги слушнете уметниците како што се Toto, Tears for Fears, The Smashing Pumpkins, Jamiroquai, Moloko и други.

Треба да се напомене дека ова е само плејлиста на лиценцирана музика од радиото. Композициите специјално направени за GTA игрите не се вклучени во оваа плејлиста.