Ширењето на коронавирусот примора бројни земји да користат различни начини во борбата против пандемијата, а во Гана се употребуваат дронови за побрза испорака на вакцините.
Овој месец за првпат во историјата на Гана започна транспорт на вакцини со помош на дронови, а тоа им овозможи на здравствените власти да добијат полесен пристап до оддалечените подрачја кои се недоволно покриени од традиционалната логистика.
Доставата ја врши американската компанија Zipline која во 2016 година со дронови доставуваше крв и лекови во Руанда. Сега на ред е Гана каде што дроновите на оваа компанија ги доставуваат вакцините на иницијативата КОВАКС.
Zipline има четири дистрибуциски центри во Гана, а секоја од нив е комбинација на аеродром за дронови и медицинско складиште. Во секој центар се наоѓаат по 30 дронови кои целосно автономно летаат на дестинацијата, ги испуштаат пратките со падобран и се враќаат назад во својот центар.
Извор: Klix.ba