Истражувањето покажува дека само една третина од возачите се повеќе или помалку запознаени со работата на системите за помош во новите автомобили
Возачите малку знаат за паметните системи за помош во нивните возила. Овој заклучок произлегува од истражувањето на ANWB (холандски авто-клуб) во соработка со сестринските организации во други европски земји. Повеќе од 70 проценти од сопствениците на автомобили не се целосно свесни за тоа што овие системи можат и не ги користат.
Според ANWB, тоа значи и пропуштена можност за зголемена безбедноста на патиштата. Системите за помош можат да му помогнат на возачот за побезбедно возење, на пример со одржување на растојание, предупредување или интервенција во опасни ситуации. Затоа, ANWB се залага за подобри информации за овие системи за помош при купување на автомобилите и посочува дека улогата на продавачот на автомобили во овој случај е од голема важност. Анкетата покажува дека само една третина од возачите се повеќе или помалку запознати со работата на системите за помош во новите автомобили. Ова се однесува, на пример, на системите за одржување на возилото во сообраќајна лента, следење на мртвиот агол или радарските системи кои помагаат да се одржува дистанца од друго возило и со тоа да се спречи судир. ANWB смета дека автомобилската индустрија треба многу подобро да ги информира возачите за можностите при купувањето.
Анкетата е спроведена во шест земји, вклучувајќи ја и Холандија.