За луѓето кои што боледуваат од оваа болест постои многу поголем ризик од смртен исход.

Срцето е орган кој што директно и индиректно најмногу е загрозен поради вирусот Ковид-19, пренесува „Sanita“, списание кое што е наменето за здравствените работници.

За луѓето кои што патат од срцеви болести ризикот е поголем доколку се инфицираат од коронавирусот, а во истражувањето било наведено дека дури 7 од десет починати пациенти од коронавирусот имале срцеви проблеми.

Според пишувањето на списанието, секоја година во Италија 240 луѓе умираат како последица од срцеви заболувања, а меѓу жртвите на Ковид-19, најбројни биле оние кои што имале кардиоваскуларни болести.

Луѓето со срцеви болести инфицирани со Ковид-19 имаат поголема веројатност да бидат погодени од зголемена коагулација на крвта, како и последици на воспалителни процеси и поизложени се на поголем ризик од тромбоза.

Уште еден интересен факт, бројот на луѓето кои што патат од срцеви болести и оние кои што преживеале срцев удар, а кои што посетиле болница во Италија, од почетокот на пандемијата бил намален за 48 отсто, затоа што истите се плашеле дека ќе се заразат со коронавирусот.

Извор: Srbija Danas