Заштитата која ја пружа вакцината АстраЗенека не се намалува, дури и ако временскиот период помеѓу првата и втората доза е подолг, покажало новото истражување.

Имунолошкиот одговор е многу силен, а во некои случаи е и подобар кога измеѓу првите две дози има 45 недели, во однос на стандардниот интервал. Ова е заклучокот на научници од Универзитетот на Оксфорд, кои заедно со британско-шведската фармацевтска компанија ја развиле вакцината.

„Одговорот на втората доза е одличен, дури и 10 месеци после првата“, рекол професорот Ендру Полард, кој ги води истражувањата на вакцините.

Научниците ја следеле ефикасноста на третата доза на АстраЗенека вакцината, примена најмалку шест месеци после првата доза.

Забележале значително силен имунолошки одговор и подобра заштита од новиот сој на коронавирус кој во моментов циркулира во светот.