Европската комисија и Европската мрежа за заштита на потрошувачите започнаа формален дијалог со TikTok  за преиспитување на нивната комерцијална пракса и политика, соопштено е во Брисел.

Дијалогот доаѓа по предупредувањето на Европската организација за кршење на потрошувачките прави во ЕУ од страна на TikTok, посебно кога е во прашање скриениот маркетинг, агресивните техники за рекламирање насочени кон децата и одредени договорни услови кои би можеле да ги збунат потрошувачите.

– Во ЕУ е забрането фокусирање на деца и малолетни лица преку прикриено рекламирање, како што се текстови во видеа записи. Дијалогот што го почнуваме денеска треба да го поддржи ТикТок во усогласување со правилата на ЕУ за заштита на потрошувачите, наведува Комисијата.

ТикТок има еден месец да одговори и да стапи во контакт со Комисијата.