Основачот на „Тесла моторс“ и компанијата „Спејсекс“, Елон Маск денеска објави дека на одреден временски период нема да биде активен на социјалната мрежа Twitter.

Маск не објасни која е причината поради која ја донел оваа одлука, а само девет часа пред да ги извести за одлуката своите 44,8 милиони следбеници на оваа мрежа, тој објави видео снимка од изградбата на фабриката Тесла Гига во околината на Берлин.

Ова сепак не е првпат Маск да го „напушти“ Твитер за одреден период. Последен пат кога тој се одјави од оваа мрежа, беше на почетокот на јуни минатата година.