Првиот човек на компанијата SpaceX, Елон Маск преку Twitter го претстави новиот автономен дрон брод. 

Дрон бродот е наречен A Shortfall оf Gravitas или пократко ASOG, а минатиот петок е објавен првиот тест. Ќе се користи за мисиите на Falcon 9 и Falcon Heavy ракетите, кои ќе се лансираат од Вселенскиот центар Кенеди и Вселенската станица Кејп Канаверал на Флорида.

За оние кои се прашуваат зошто на SpaceX му се потребни три дрон брода, одговорот е јасен. Амбициите кои се однесуваат на распоредот на лансирање растат, така што ќе бидат потребни повеќе активности за „спасување“ на ракетите.

Во мисијата на лансирање на ракетата Falcon Heavy, дрон бродот мора да плови неколку стотини милји источно од Флорида. Патувањето обично трае шест со седум дена, а понекогаш и подолго. Покрај тоа, кога бродот ќе се врати во пристаништето, потребни се помеѓу 24 и 72 часа ракетата да се симни од бродот. Тоа значи дека бродот можеби нема да биде достапен за следното лансирање, поради што е потребен трет.

SpaceX продолжува да инвестира во ракети кои можат повеќе пати да се користат, а тоа е во секој случај позитивно, бидејќи летовите во вселената стануваат поевтини и поодржливи.