Компанијата Tesla уште во октомври 2019. година ја претстави третата Solar Roof генерација, која е направена од црно стакло и може да се монтира само за осум часа. Една година подоцна, Елон Маск тврди дека токму соларните покриви во блиска иднина би можеле да станат најважниот производ на компанијата Tesla.

Маск во 2019. година истакна дека за новиот соларен покрив е потребно да се издвојат околу 34.000 долари, што е поповолно од она колку што чини обичниот покрив, и додаток во облик на соларни плочи. Во тоа време се планирало да се монираат околу 1000 покриви неделно, а целта беше да се стигне до цифра од 20 илјади. Покривите и натаму се достапни само во САД, а Маск уште пред една година вети дека производот ќе пристигне и во другите делови на светот.

Компанијата Tesla во третиот квартал на оваа година остави значајна заработувачка од соларни покриви, а се очекува бројката следната година уште да се зголеми. Оптимизмот не се крие, и покрај тоа што во последните месеци се говореше за одредени проблеми при монтирање на покривите, па останува да се види дали во прашање е само маркетинг или покривите во 2021. година навистина ќе ја донесе заработувачката што се најавува.