Новата студија спроведена од Институтот за потрага по вонземска интелигенција -SETI отвора нови можности за истражување на делови на Марс на кои може да има живот.

Под површината на Марс, постои потенцијал за тенки слоеви на вода во деловите од солениот мраз на Црвената планета, а динамиката на топење и замрзнување во тие делови на Марс сочинува средина која може да биде доволна за одржување живот.

Една нова студија на Институтот SEI покажува дека суровата средина на студениот и сув Марс може да биде слична на онаа на подземните езера на Антарктикот, а потоа може да биде потенцијален дом за форми на живот и тоа само неколку сантиметри под површината на таа планета.

„Возбуден сум за можноста за постоењето на вода на микро-ниво во подземните делови на Марс во близина на самата површина, каде што има мраз и сол. Ова може да го револуционизира нашиот поглед на живеење и да го насочи веднаш под површината на денешниот Марс“, вели д-р Џенис Бишоп, водечки автор на студијата.

Резултатите од студијата се засноваат на фотографии направени од вселенското летало на NASA – MRO во орбитата околу планетата, користејќи HiRISE камера, која се смета за најмоќната камера некогаш испратена на друга планета.

Овие фотографии покажуваат линии на влага кои се појавуваат и исчезнуваат со текот на времето на падините свртени кон сонцето. Откритието е потврдено со компјутерски модел и лабораториски експерименти кои покажале како овие линии можат да се формираат поради стопена вода.

Кога солите се мешаат со подземните води, се појавуваат видливи нарушувања на површината на почвата, вклучително и брзо лизгачки одрони на Марс.

Научниците исто така ја споредија оваа необична клима со условите на подземните езера на Антарктикот, каде што доста успешно живеат чудни ракчиња и „пливачки краставици“. Истиот феномен е забележан и во други тешки услови на Земјата, како што се Мртвото Море во Израел и пустината Атакама во Чиле.

Резултатите од ова истражување, исто така, обезбедуваат нова цел на вселенското летало Perseverance на NASA, кое наскоро треба да слета на Црвената планета и да ја започне својата истражувачка мисија. Perseverance треба да слета на Марс на 18 февруари. Опремен е и со голема бушилка, со која ќе бара живот под површината на Марс.

Студијата на SETI покажува и дека Марс е жив и продолжува да се развива.

Извор: Zimo.hr