Huawei Consumer Business Group (BG) го претстави најновиот додаток во својата аудио колекција на македонскиот пазар – TWS (True Wireless Stereo) слушалките HUAWEI FreeBuds 4i. Производот има моќна батерија, прекрасен и ергономски дизајн, кристално чист звук и намалување на активната бучава (ANC) по атрактивна препорачана цена од 4.499 денари.
Слушалките ги наследуваат одличните карактеристики на серијата HUAWEI FreeBuds, како што се долготрајност на батеријата, квалитет на звукот и ефикасно, активно намалување бучава, по цена што им овозможува на повеќе корисници да уживаат во практичноста на безжичното мобилно аудио.
Минималистичка форма, модерна визија
Компактната овална форма на кутијата на HUAWEI FreeBuds 4i е инспирирана од светски познатите плажи со црн песок на Исланд. Потрошувачите имаат избор помеѓу две класични бои со модерна нијанса – Ceramic White и Carbon Crystal Black. Кутијата на HUAWEI FreeBuds 4i, која се користи и за полнење, е дизајнирана да се смести што е можно поудобно во дланката, да не е ниту голема, ниту мала. Илјадници серии на тестови за удобност се спроведени за да се постигне оптимална форма на самата слушалка и да се позиционира природно во ушниот канал, со што значително се продолжува времето на удобна употреба.
Дизајнерите на Huawei се доближија до активните и енергични потрошувачи и нивните авантури. Благодарение на аудио технологијата на компанијата, Huawei FreeBuds 4i обезбедуваат јасен звук во кое било време и на кое било место.
Цел ден музика
Траењето на батеријата е клучен фактор при изборот на TWS слушалки. HUAWEI FreeBuds 4i имаат голема батерија со висока густина на енергија, сместена во компактна форма. Кога намалувањето на бучавата е исклучено, тие нудат 10 часа континуирана репродукција на музика или 6 и половина часа говорни повици. Заедно со кутијата за полнење, Huawei FreeBuds 4i можат да постигнат и до 22 часа музика или 14 часа разговор. Со овозможено намалување на бучавата, што е огромна предност, особено во овој опсег на цени, безжичните слушалки нудат 7,5 часа континуирана репродукција на музика и 5,5 часа време за разговор. FreeBuds 4i исто така доаѓаат со водечка технологија за брзо вчитување. Во пракса, ова значи дека за само 10 минути полнење добивате уште 4 часа музика.
Балансирано аудио со чист звук
HUAWEI FreeBuds 4i имаат голем, 10-милиметарски динамичен драјвер за да постигнат поголема амплитуда за моќен бас. Меѓу другите компоненти се и композитната полимерна мембрана “PEEK+PU”. Флексибилна и моќна, таа обезбедува висока чувствителност и богата динамика, така што корисниците можат да слушнат повеќе детали во музиката. Во исто време, структурата на слушалките овозможува одлично сузбивање на бучавата на ветерот и постојаност на звучните ефекти за поголема удобност при слушање.
HUAWEI FreeBuds 4i се дизајнирани да ги задоволат потребите на корисниците со широк спектар на музички жанрови и платформи, вклучително и висококвалитетна поп музика. Професионален тим работеше на спектар инструменти, ритми и вокални стилови за да го прилагоди звукот на фреквенциите на висококвалитетната поп музика. Резултатот е избалансирано аудио, погодно за секојдневниот живот на повеќето корисници.
Слушаш тоа што сакаш
HUAWEI FreeBuds 4i го препознава амбиенталниот шум преку микрофоните и генерира обратен звучен бран за да го намали. Активниот алгоритам за намалување на бучавата е насочен кон типични сценарија како полн трговски центар, бучен јавен превоз, железничка станица, канцеларија или човечки гласови за да се постигне оптимизација на ANC.
HUAWEI FreeBuds 4i нудат и посебен “режим на свесност” (Awareness Mode) кој им овозможува на корисниците да слушнат што се случува околу нив без да ги извадат слушалките. Сè што треба да направите е да ја притиснете и задржите слушалката, што автоматски се префрла помеѓу свесност и активно намалување на бучавата (Awareness/ANC).
За да се минимизира мешањето од амбиенталната бучава за време на разговорите, Huawei FreeBuds 4i применуваат три технологии истовремено. Ексклузивната технологија за обликување на звучниот сигнал има за цел точно да го долови гласот на корисникот. Двојниот микрофон систем е дел од специјалниот дизајн со тенок рез, дизајниран за ефикасно намалување на бучавата од ветерот за време на разговори на отворено, а системот за намалување на бучава базиран на вештачка интелигенција исто така го филтрира секој несакан шум.
Прецизна контрола на допир
Покрај кристално чистиот звук, HUAWEI FreeBuds 4i нудат и одлична контрола базирана на допир. Корисниците можат лесно да контролираат музика, говорни повици и режими за намалување на бучавата и свесност само со интуитивни гестови. Кога се поврзани, јасно се прикажуваат информациите за батеријата на самите слушалки и кутијата за полнење.
Huawei FreeBuds 4i, како и сите аудио производи од серијата FreeBuds, лесно се поврзуваат со сите паметни телефони на iOS и Android.
FreeBuds 4i влегуваат на македонскиот пазар преку продажната мрежа на Македонски Телеком, Нептун, Сетек, Техномаркет и Анхоч, по препорачана цена од 4499 денари.
За повеќе информации, посетете ја официјалната страна на Huawei.