Мобилните телефони се неисцрпен извор на забава, но ако не се одделите од уредот дури и кога одите во кревет, тоа може да создаде одредени проблеми.
Неодамнешна студија покажа дека 90% од Американците користат електронски уред (ТВ, телефон, компјутер, конзоли за видео игри и сл.) пред спиење.
Резултатите покажаа дека испитаниците помлади од 30 години, кои како возрасна група најмногу и користат смартфони, заспивале подоцна од другите испитаници.
Проблемот е во тоа што ако го користите телефонот пред спиење, вашето тело и мозок немаат доволно време да се опуштат. Исто така, ако паднете во „црната дупка“ на YouTube или играте видеоигри, лесно можете да изгубите осет за време и да заспиете подоцна отколку што треба.
Најдобро е телефонот да го чувате во друга просторија, а не во онаа каде што спиете. На тој начин, дури и ако добиете желба да го користите, ќе ви биде потешко да се натерате да станете и да одите до него.
Ако не го користите телефонот пред спиење, ќе ја намалите изложеноста на „сина светлина“, што може сериозно да го наруши вашиот ритам на спиење. Сината светлина, во суштина, му дава лажен сигнал на вашиот мозок дека надвор е сè уште ден, со што се намалува лачењето на мелатонин.
Како и во претходниот случај, најдобро е да престанете да го користите телефонот еден час пред да одите во кревет.
Ако сакате да го подобрите вашиот сон, еве еден едноставен трик – оставете го вашиот мобилен телефон во друга просторија. Ако ви треба бидејќи ве буди наутро со аларм, држете го најмалку еден метар подалеку од местото каде што спиете.
На овој начин можете да убиете две муви со еден удар. Прво, вашиот телефон ќе биде далеку, што ја прави помала веројатноста да го користите, и второ, во случај на аларм, ќе мора да станете, така што будењето ќе биде поефикасно.
Ако успеете вака да издржите првите неколку дена и ви стане навика, ќе имате поздрав однос со технологијата и поквалитетен сон.
Извор: B92.net