Речиси една година откако се појави, PC верзијата на колекцијата Halo: The Master Chief Collection ќе биде конечно имплементирана.

Играта Halo 4 ќе биде достапна за PC од 17. ноември и оптимизирана за оваа платформа,  потврдено е од Microsoft. Првобитно се појави на 6. ноември 2012. година ексклузивно за конзолата Xbox 360, а ја разви студиото 343 Industries.

Halo: The Master Chief Collection колекцијата стигна на PC во 2019. година, но оваа колекција ја вклучуваше само играта Halo: Reach. Во текот на оваа година, студиото 343 Industries полека ги додаваше останатите игри во колекцијата.

Колекцијата за PC чини 39,99 долари, а гејмерите ќе можат да ја купат Halo 4 посебно. Исто така, ќе може да се играт преку Xbox Game Pass за PC претплатниците.

Покрај тоа, на 17. ноември колекцијата ќе биде достапна и за конзолите Xbox Series X и S. Оние кои моментно ја поседуваат Halo антологијата на конзолата ќе добијат бесплатна копија за новата конзола на Microsoft.