Samsung би можел да го претстави долгоочекуваните уреди од Galaxy S22 серијата на настанот Galaxy Unpacked на 8 февруари, според јужнокорејскиот медиум Digital Daily.
„Потврдуваме дека настанот ќе се одржи на 8 февруари, поканите ќе бидеат испратени кон крајот на јануари“, изјави претставник на Samsung Electronics за сајтот. Преднарачките наводно ќе бидат објавени следниот ден, на 9 февруари, а испораката ќе започне на 24 февруари.
Samsung најверојатно ќе претстави три смартфони – Galaxy S22, S22 Plus и S22 Ultra. Според некои од многуте гласини, сите три уреди ќе имаат исклучително светли дисплеи. Во меѓувреме, камерата на Galaxy S22 Ultra ќе го понуди она што Samsung го нарекува „Super Clear Lens“.
Примарниот чип би можел да биде Snapdragon 8 Gen 1 на Qualcomm, кој наводно се произведува на погоните на Samsung. Уредите надвор од САД би можеле да бидаѕт испорачани со Exynos 2200 чипот на Samsung кој користи графички процесор базиран на RDNA 2 архитектурата на AMD и кој може да поддржува следење на зраци. Веќе се појавија бројни фотографии од уредот, вклучувајќи го и рендерот на Galaxy S22 Ultra, пренесува Engadget.
Екраните на Galaxy S22 серијата ќе бидат подобри од конкуренцијата