Apple долго време се потпира на сопствените портови и кабли, уште од времето кога беа објавени првите iPhone и iPad уреди. Поради тоа, изненадување беше кога Apple додаде USB-C на iPad Pro. Од друга страна, Apple од некоја причина се уште нема имплементирано USB-C порт на iPhone.

Сега Кен Пилонел, инженер за роботика, го креираше она што тој го нарекува првиот USB-C iPhone во светот. Тој го расклопи iPhone X, направи некои промени, го отстрани Lightning портот и го замени со USB-C, овозможувајќи уредот да се полни преку USB-C кабел.

Според Пилонел, портот поддржува полнење и пренос на податоци. Првиот дел од овој проект вклучуваше пронаоѓање начин за работа на целата електроника, а потоа со обратен инженеринг да се замени Apple C94 конекторот со прилагоден PCB со USB-C порт.