- Господине Кварт, ова е навистина интересно време за BtoBet. Групацијата Aspire Global од која сте дел неодамна беше купена од страна на глобалниот гигант за електронска лотарија, Станува збор за навистина сериозна стратешка одлука. Какви можности отвора оваа аквизиција за BtoBet?
Навистина, ова се возбудливи времиња за BtoBet и нашата сестринска компанија Pariplay во состав на Aspire Global, со кои сега функционираме под капата на NeoGames. Сметам дека аквизицијата на групацијата од страна на глобалниот “iLottery” снабдувач е одлична стратешка одлука со бројни предности за групацијата во целост, но и поединечно, за секоја од компаниите. Технологиите и услугите на BtoBet ќе му овозможат на NeoGames да обезбеди врвно решение за спортско обложување на своите партнери, истовремено отворајќи многу можности и за самиот BtoBet, како воспоставување соработки со голем број нови, етаблирани оператори на новите пазари.
Во последната деценија NeoGames се позиционираше како лидер за електронска лотарија на пазарот во Северна Америка. Компанијата стекна неверојатен успех, огромно знаење и можеби најважно, моќна мрежа на врски, како на тамошниот, така и на другите светски пазари. Со станувањето интегрален дел од оваа група на компании, користејќи ги експертизата, знаењето и уникатната понуда на секоја од нив, ветувачки е дека BtoBet дополнително ќе се зајакне, и во блиска иднина ќе забележи значителен глобален, но и локален раст на македонскиот пазар.
Важно да се спомене е дека со оваа одлука се отвораат и големи можности за нашите вработени кои добиваат прилика да разменуваат знаења со други ветерани од индустријата и да работат во мултикултурна средина, заедно со повеќе од 1000 професионалци во десет различни земји ширум светот.
- Неодамна бевте назначени за VP of Finance во BtoBet. Какви се првите впечатоци? Кој е вашиот примарен фокус во моментов во оваа нова улога?
Од моето назначување кое се случи пред само неколку месеци, сè уште ја запознавам компанијата подетално. BtoBet преку своите талентирани и посветени вработени прави одлична работа кога станува збор за одржувањето на растот и создавањето долгорочна вредност за своите партнери.
Компанијата постојано достигнува нови височини во однос на приходите, во секој финансиски квартал. Сепак, брзиот раст, истовремено носи свои предизвици. Она што е важно е тие успешно да се надминат со одржување стабилни финансиски перформанси, а за тоа е неопходна јасна стратегија. Влегувањето на нови пазари природно повлекува нови инвестиции, главно поврзани со инфраструктурата на човечки ресурси. Наша предност во однос на ова е верувањето дека вработените се нашиот највреден капитал во кој континуирано инвестираме.
- Во однос на бројот на вработени, BtoBet порасна за над 60% од јуни минатата година. Повеќето компании во фазата на раст мора да внимаваат на компромисот помеѓу профитабилноста и инвестирањето во раст. Каков е вашиот став во однос на ова?
Дилемата, односно компромисот помеѓу инвестирањето и профитабилноста секогаш постои. Бројот на вработени е најголемиот трошок во повеќето организации. Мојот став за ова е дека секој раст мора да се следи и да биде придружен со јасна стратегија. BtoBet прави значителни инвестиции во своите продукти и гледаме директна корелација помеѓу подобрувањата или новите карактеристики развиени од нашите тимови и приходите на компанијата. Ова е уште една можност да се спомене дека BtoBet ги гледа своите вработени како најголема вредност, па оттука правиме значителни инвестиции во многу области поврзани со нивната благосостојба. Покрај конкурентните плати, на вработените им нудиме можности за наобразба и унапредување на знаењата, професионални работилници, различни фитнес бенефиции. Покрај сите бенефити и опипливи придобивки од работењето во BtoBet, нашите вработени, па дури и потенцијални вработени изразуваат високо ниво на интерес за можноста да работат во компанија која користи најнови технологии и алатки за развој на софтвер.
- BtoBet важи за водечки снабдувач на софтвер за спортско обложување во Латинска Америка и Африка, истовремено уживајќи во растечкото присуство низ Европа. Што е следно за компанијата?
Во последните години BtoBet особено ја зајакна својата позиција во Латинска Америка и Африка и сега се смета за еден од главните снабдувачи за сите оние оператори кои сакаат да го прошират своето присуство или да се позиционираат на овие пазари. Истовремено, особено во текот на изминатите месеци го засиливме присуството на зрелиот европски пазар во повеќе јурисдикции и тоа преку операторите од највисоко ниво.
Во иднина, јасни се очекувањата за влез на пазарот во Северна Америка, како во САД, така и на новорегулираниот канадски пазар, истовремено задржувајќи ја лидерската позиција во Латинска Америка и Африка со дополнително проширување на присуството.
Сепак, треба да се истакне дека пред влез на нови пазари, производот кој го нудиме треба да се прилагоди и подобри за да ја задоволи локалната побарувачка. И ова е она што BtoBet постојано го прави. Конкретно за Северна Америка посветуваме значителни ресурси за да го прилагодиме производот на начин кој одговара на тамошните барања. Понудата за САД е многу различна во однос на она што се нуди во Европа, Латинска Америка и Африка. Во претстојниот период планираме сериозни инвестиции со цел да напредуваме на секој пазар. Уверен сум дека постојаното подобрување на нашиот производ ќе ја зајакне позицијата на BtoBet како водечки глобален Б2Б снабдувач на софтвер за спортско обложување.
- За крај, Светското фудбалско првенство како еден од најголемите спортски настани претставува посебна прилика за BtoBet како водечки снабдувач на софтвер за спортско обложување во светски рамки, особено во годинешниот уникатен формат. Според Вас, кои се клучните фактори на кои треба да се фокусираат операторите, со цел да се максимизира потенцијалот и можноста за генерирање рекорден број облози, да се поттикне придобивањето, задржувањето и ангажирањето на играчите дури и по Купот?
Светското првенство е убедливо еден од најголемите настани на спортскиот календар, а тоа едноставно се должи на фактот што земјите од целиот свет се обидуваат да го подигнат многу посакуваниот трофеј. Интересот за првенството несомнено ќе генерира голем обем на обложување и ќе им обезбеди на операторите совршено сценарио за стекнување нови играчи, задржување на лојалните обложувачи, но и за повторно активирање на оние кои во моментов се неактивни. Но, она што го прави годинешното Светско првенство особено привлечно е тоа што за разлика од сите други претходни изданија, ќе се одржи во ноември, почнувајќи само недела и половина по паузата на регуларните домашни фудбалски лиги, кои ќе продолжат само осум дена по завршување на финалето. Максимизирањето на потенцијалот во вакви услови е предводено од силната понуда на операторите, прилагодена на потребите на нивните играчи. И тоа е она што го нуди BtoBet. Цврста и флексибилна платформа за електронско спортско обложување во комбинација со водечка понуда што произлегува од “best-in-breed” податоци и содржини. Очекувањата за овој Мундијал се големи, а ние сме подготвени да им помогнеме на нашите партнери да ја максимизираат оваа можност.