Windows 10 доби поддршка за проблематичниот баг, кој повторно го покренува оперативниот систем.

Погодените корисници се соочуваат со дијалог што ги известува: „Вашиот компјутер автоматски ќе се рестартира за една минута. Windows наиде на проблем и треба повторно да се покрене. Треба да ја затворите оваа порака и да ја зачувате вашата работа“.

Како што можете да замислите, ова би можело да биде прилично незгодно додека нешто работите, а да не го спомнуваме брзањето да зачувате сè, ако притоа сте работеле на повеќе апликации.

Меѓутоа, овој проблем погоди само ограничен број на корисници на Windows 10 – оние кои ги преименувале локалните сметки (како што се „администратор“ или „гостин“) и тоа кога ќе се најдат во интеракција со било кој dialog прозорец во кој се наведени корисниците, на пример пристап до sign-in опците во подесувањата или users фолдерите во Local user и groups MMC snap-in. Ова доведе до тоа Microsoft да постави блок за надградба за да ги спречи грешките пред најновото ажурирање.

Исправката за тековниот проблем сега е применета и upgrade block (или заштитното задржување, како што го нарекува Microsoft) е отстранет.