Блага до умерена форма на Ковид-19 во текот на бременоста не предизвикува видливи последици по мозокот на фетусот покажала мала студија претставена во текот на годишниот состанок на радиолошките друштва од Северна Америка.

Научниците од Универзитетот „Лудвиг Максимилиан“ од Минхен користеле магнетн резонанца за проучување на 33 трудници кои имала блага или умерена форма на Ковид-19.

Снимките од магнетната резонанца покажале „нормален развој на мозокот, адекватен за возраста“ во сите случаи објавија истражувачите во соопштение.

„Немаше наоди кои укажуваат на инфекција на мозокот на фетусот“ – се вели во соопштението.

Во просек, жените биле во 28. недела од бременоста, а симптомите им се појавиле просечно во 18. седмица. Најчести симптоми кои ги имале биле стандардните, губење мирис и вкус, сува кашлица, треска и отежнато дишење.

Во истражувањето биле опфатени мајки на кои не ми била потребна хоспитализација додека биле заболени.

„Со оглед дека влијанието на тешкат инфекција на развојот на мозокот на фетусот уште не е разјаснето, активната заштите од заразување со кови за време на бременоста останува исклучителнот важа“ – предупредуваат истражувачите.