Резултатите од најновото истражување покажуваат дека дури 40 отсто од случаите на заразени со коронавирус се без симптоми. Тој процент е уште поголем меѓу бремените жени.

Дури 40 отсто од заразените со коронавирус немале симптоми, покажало големото истражување спроведено на 30 милиони луѓе. Претходно се сметало дека асимптоматска е една петтина од заразените со вирусот, што го отежнувало задржувањето на ширењето на вирусот.

Истражувањето било спроведено во повеќе земји ширум светот во време на ширењето на изворната варијанта на коронавирусот, па моментално нема детални информации за процентот во време на ширењето на делта и омикрон соевите.

Асимптоматските случаи најчесто биле забележани меѓу бремените жени, од нив повеќе од 54 отсто не покажале никакви знаци на зараза. Научниците не шпекулираат што би било причината за тоа, но споменуваат дека идните мајки можеби треба да се тестираат почесто од останатите лица

Бремените жени „тивки преносители“

Бремените жени научниците ги нарекле „тивки преносители“. Во истражувањето се наведува дека кај бремените жени може да се утврди вирусот само со тестирање и следење на блиските контакти.

Освен меѓу бремените жени (54,1 отсто), поголем процент на асимптоматски инфекции биле забележани меѓу вработените кои работат со патници во авионите или на крузерите (52,9 отсто), како и меѓу вработените во домовите за стари и немоќни лица (47,5 отсто), пренесува „Daily Mail“.

Тоа воедно се и професии каде вработените рутински почесто се тестираат на коронавирусот. Со оглед на тоа што земјите го зголемија бројот на тестирања, новите податоци покажуваат дека допрва ќе се покаже дали и во други професии меѓу вработените има поголем број на асимптоматски случаи.

Помалку такви случаи се забележани меѓу здравствените работници, особено во вработените во болниците каде 30 отсто од нив имале близок контакт со заразена личност – 26,9 отсто.

И без симптоми ја шират заразата

Иако без симптоми, заразените можат натаму да го шират коронавирусот на други луѓе и да бидат извор на инфекцијата во внатрешноста на заедницата во која се движат.