Компанијата Google објави дека поправил голем безбедносен пропуст во Chrome и ги повика корисниците веднаш да го ажурираат прелистувачот.
Google не откри повеќе детали за ранливоста под шифрата CVE-2023-3079 со цел да ги спречи напаѓачите да ја злоупотребат оваа информација, беше наведено на веб-страницата на оваа компанија.
Компанијата истакна дека проблемот лежи во JavaScript моторот V8 (Chrome Java Script V8) и дека ранливоста е многу опасна. Овој пропуст веќе им е познат на хакерите и активно се користи, се додава во соопштението.
Во април Google веќе имаше проблеми со безбедносни пропусти во прелистувачот Chrome, пренесоа агенциите.