Новогодишните празници се ближат и сите сакаме да се почестиме со нешто ново, но и да им подариме нешто убаво на најблиските. Единствениот проблем е што цените на сите производи се исклучително високи и не можеме секогаш да си го дозволиме тоа што сметаме дека е најсоодветно.
Доколку и вие сакате да им подарите нешто на најблиските, мора да најдете начин како да го сторите тоа без домашниот буџет да биде сериозно оштетен. Веројатно неколку месеци однапред веќе имате смислено што и кому да подарите, па и активно штедите за тоа.
Еден од омилените подароци што може некој да го добие денес е мобилен телефон. Новите модерни смартфони често доаѓаат со исклучително високи цени, па подарувањето нов смартфон воопшто не е лесна задача.
Ако средствата, сепак, не стигнуваат, тука сме да ви помогнеме во донесувањето вистински одлуки. Следете ги нашите совети и подарете си или подарете им на најблиските нов мобилен телефон по пониски цени од вообичаено.
Вклучете се во Black Friday акцијата
Ноември е месец на Black Friday. Сигурно знаете што значи тоа, а доколку не знаете, еве кратко објаснување: Black Friday е американски „ден на шопингот“, односно почетокот на новогодишните попусти. Ова е ден на кој во речиси сите продавници почнуваат акции со големи попусти.
Токму ова е причина да побарате нов мобилен телефон. Некои модели ќе бидат намалени и со понуда што не можете да ја одбиете. Единствениот проблем е што првиот момент кога понудата ќе почне, најдобрите зделки ќе се распродадат за секунда.
Некои компании веќе почнаа со ваква акција, па место Black Friday да биде ден со попусти, тие цел месец имаат одлични понуди. Таква е нашата онлајн шопинг платформа, Ananas на која веќе почнаа попустите, а своите производи ги нуди по намалени цени до крајот на месецот.
Одберете постар, но одличен модел
Одличен начин да заштедите пари е да побарате телефон со одлични перформанси, но модел што е постар. На пример, новиот Samsung S23 е феноменален, но тој е неколку стотини евра поскап од сега веќе „застарениот“ модел S21.
Перформансите не се драстично различни, па доколку сакате одличен телефон, но сакате и да заштедите, можете да одберете ваква варијанта. Истото важи и за другите брендови и модели.
Речиси сите производители на технологија своите нови модели ги лансираат на пазарот во септември и во октомври, а до Нова година сите стари модели добиваат пониски цени бидејќи потрошувачите се позаинтересирани за новите производи.
Купувајте онлајн место во продавница
Цените на производите речиси никогаш не се исти ако ги гледате во продавниците во трговските центри и на интернет. Онлајн шопинг платформите речиси секогаш нудат пониски цени на производите од тие во традиционалните продавници.
Има повеќе причини за тоа, но разликата е евидентна. Само отворете ги стандардните продавници и погледнете ги онлајн понудите. Ако сакате да заштедите, секогаш купувајте преку интернет.
Можете да ги погледнете конкретните модели за кои сте заинтересирани, но нарачајте ги онлајн бидејќи така може да добиете подобра понуда. Во некои случаи истите модели паметни телефони ќе ги најдете и до 250 евра поевтино онлајн.
Одберете бренд што не е меѓу најпопуларните на пазарот
Еден од најскапите брендови паметни телефони е популарниот iPhone. Иако важат за еден од најдобрите брендови на пазарот, многумина се имаат прашано дали воопшто вреди за парите што ќе ги потрошите за да имате некои од нивните модели.
Веднаш зад нив и според квалитетот и според цените се Samsung и Huawei, но активно се води бурна дебата меѓу познавачите на технологијата за тоа дали цените се оправдани или подобро е да одберете телефон од брендот Xiaomi, Lenovo, Blackview или некој од другите.
Разликите во цените се огромни, но дискутабилно е дали квалитетот е толку различен кога ќе се споредат со сумите што треба да ги платите за нив. Ако сакате да заштедите, одлична е опцијата да земете телефон што не е извикан, а сепак има одлични карактеристики.