Кина планира во 2024 година да лансира ровер на Месечината, којшто ќе носи опрема од Франција, Шведска, Русија и Италија, пренесе кинеската новинска агенција Xinhua.
Сè уште не е познато каква намена имаат инструментите развиени од научници од Франција, Шведска, Италија и Русија.
Се планира Chang’e 6 да се спушти во близина на јужниот пол на Месечината и да собере примероци пред враќањето на Земјата.
Chang’e е дел од кинескиот проект за истражување на вселената во кој исто така е планирано да се спушти ровер на Марс.
Постојат и планови за орбитална станица со екипаж, испраќање човек на Месечината и земање примероци од астероид.
Во минатиот декември во претходна мисија на Месечината, Chang’e 5 на Земјата врати примероци од Месечината, што се случи за прв пат од 1970 година.
Извор: B92.net