Кина и Русија формираа вселенски метеоролошки центар во Пекинг, обидувајќи се да го подобрат системот на глобални центри за космичка временска прогноза, соопшти денес кинеската метеоролошка служба (CMA).
Со вселенскиот метеоролошки центар на кинеско-рускиот конзорциум (CRC) ќе управуваат ЦМА, кинеската Управа за цивилно воздухопловство и руската Федерална служба за хидрометеорологија и надзор на животната средина, се вели во соопштението на кинеската национална метеоролошка служба, пренесува Ројтерс.
Временските услови во вселената се релевантни за сателитски операции, безбедност во авијацијата и цевководните мрежи на Земјата, објави CMA.
Овој проект е реализиран во време кога Кина ги развива своите вселенски програми и откако годинава испрати мисија со екипаж во вселената со задача да изгради вселенска станица.
Извор: B92.net