Кина планира да изгради нов космодром градот Нингбо, во источната провинција Џејанг.
За изградба на космодромот предвидени се околу 20 милијарди јуани (околи три милијарди долари) во петгодишниот план (2021-2025). Предвидено е космодромот да биде со вкупна површина од 67 квадратни километри, каде покрај центарот за лансирање ќе има и индустриски комплекс. Од космодромот ќе биде можно да се направат до 100 комерцијални лансирања годишно.
Во континенталниот дел на Кина сега има три космодроми: во Хукуан, северозападната провинција Гансу, во Таијуан, северна провинција Шанкси и во Сичанг, југозападна провинција Сечуан. Космодром е изграден и во близина на градот Венчанг во островската провинција Хаинан.
Кина активно развива национална вселенска програма, метеоролошки, телекомуникациски и навигациски сателити и технологии за истражување на Месечината. Кинески научници исто така развиваат проект за проучување на астероиди и на Марс и планираат да почнат со интензивно истражување на површината на Црвената планета.
Според официјалното соопштение на Кинеската воздушна вселенска наука и технологија, оваа година се планирани најмалку 40 лансирања, што ќе биде нов национален рекорд.