Истражувачите од престижниот кинески универзитет Фудан, во Шангај веруваат дека пронашле алтернатива.

Кинеските научници осмислија нова метод за тестирање на коронавирус кој е прецизен како и ПЦР тестот и дава резултат за неколку минути, било објавено во научното списание Nature Biomedical Engineering.

Истражувачите од престижниот кинески универзитет Фудан, во Шангај, веруваат дека пронашле алтернатива.

Овој тим развил сензор за анализа на примероци од ДНК собрани од брис кој овозможува добивање на резултати за „помалку од четири минути“. Овој тест има “висока чувствителност” и лесно може да се понесе било каде.

За тестирање на уредот користени се примероци од 33 лица, а истовремено се правени и ПЦР тестови за да се споредат двете методи. Резултатите биле идентични.