Станува збор за алгоритам кој се ажурира на секои три месеци, а чии безбедносни картички ги контролираат седум експерти за компјутерска безбедност од седум земји во светот.

Интернетот е дел од нашето секојдневие, а животот без него е речиси незамислив.

Сепак, помалку е познато дека само седум луѓе од седум земји го држат клучот на интернетот во свои раце.

Целиот интернет систем е базиран на „DNS“. Ова се нумерички адреси кои се поврзуваат со секоја поединечна веб-локација.

Кога пребарувате на Интернет и внесувате интернет адреси, на пример www.cudonaprirodata.com, компјутерот веднаш го префрла на нумеричка адреса преку која се одвива понатамошната комуникација.

Распределбата на „DNS“ и нивната структура е исклучително комплицирана и се врши со посебен систем под контрола на „ICANN“.

Срцето на системот го сочунува т.н главен клуч (master key).

Станува збор за алгоритам кој се ажурира на секои три месеци, а чии безбедносни картички ги контролираат седум експерти за компјутерска безбедност од седум земји во светот.

Овие картички се чуваат во седум сефови во САД, а клучевите од овие сефови ги чуваат седум лица, кои се избираат по посебни процедури и доаѓаат од различни земји за ниту една земја или корпорација да нема можност самостојно да влијае на Интернетот.

Со огромни безбедносни мерки се организира тримесечното обновување на главниот клуч.

Извор: Alo.rs