Научниците од „College London“, сугерираат дека вакцините против коронавирус се безбедни за лицата со ревматски и мускулно-скелетни заболувања, а веројатноста дека тие ќе предизвикаат напади, нагло влошување на симптомите на основната болест, е помала од 5 проценти.

Наодите се базираат на податоци од 5.121 пациент во 30 земји.

Помалку од еден процент од пациентите развиле сериозни напади на основната болест по вакцинацијата, утврдиле научниците.

Генерално, поголема е веројатноста дека влошување ќе се појави кај пациенти со активна болест, според извештајот објавен во „Annals of the Rheumatic Diseases“.

„Важно е да се напомене дека влошувањата на болеста може да се појават како дел од болеста, а забележаните проценти на влошување на основната болест се компатибилни со природната историја на болеста и не мора да бидат предизвикани од вакцините против САРС-КоВ-2“, рекол д-р Педро Масадо од Универзитетот „College London“.

Најголем дел од испитаниците примиле Фајзер

Просечната возраст на учесниците во истражувањето била 72 години, а повеќето од нив биле жени.

Многумина имале воспалителна болест на зглобовите, болест на сврзното ткиво или васкулитис и примале различни комбинации на антиревматски лекови, имуносупресиви и други лекови.

Повеќето од нив ја примиле вакцината Fizer/Bayontek (70 проценти), потоа AstraZeneca (17 проценти) и Moderna (8 проценти).

„Нашите наоди треба да им обезбедат сигурност на ревматолозите, другите здравствени работници и оние кои ја примаат вакцината и да промовираат доверба во безбедноста на вакцинацијата против коронавирус кај луѓето со воспалителни ревматски заболувања“, рекол д-р Масадо.