Петнаесет минути е вкоренето „сигурно време“ на контакт, но што тоа точно значи? Еднаш по 15 минути? Повеќе пати, но пократко?
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) неодамна ја ревидираше дефиницијата на близок контакт. Претходно за близок контакт се сметаше периодот од најмалку 15 минути, што едно лице ќе ги помине на оддалаченост помала од два метра од заразеното лице.
Сега тие 15 минути не мора да бидат последователни. За близок контакт се смета лице кое било на помалку од два метра од заразено лице минимално 15 минути во 24 часа.
Зошто е тој податок изменет?
Затоа што се покажа дека затворскиот чувар во Вермонт е позитивен на коронавирус по повеќекратни, но кратки контакти со шесториа асимптоматски затвореници.
Во осмочасовна смена имал 22 средби со затворениците во вкупно траење од 17 минути.
Значи ли тоа дека сте сигурни ако поминете помалку од вкупно 15 минути блиску до заразено лице. За жал, не нужно. Петнаесет минути се само насока.
„Сакате да дадете некои широки насоки што е лесно да се запаметат, но всушност се работи за континуум“, изјави Нил Голдштајн, професор по епидемиологија на Универзитетот Дрексел во Филаделфија.
Ризикот може да ви биде помал во подолг период, а поголем во краток. Има многу варијабли кои влијаат на количината на вирусот што некој ќе ја прими, а тоа е всушност најважно, истакна Голдштајн.
Освен времето на изложеност на вирусот важно е и дали заразеното лице има симптоми, дали ги развило подоцна, дали сте биле надвор или во затворен простор, какво било проветрувањето на просторијата, колку луѓе биле таму и што сте правеле додека сте биле заедно.
Ако на пример сте седеле и сте пееле во некој подрум, наместо да седите и молчите во парк, расте ризиккот дека ќе се заразите во пократок период.
Дефиницијата на близок контакт не се менува ако притоа сте носеле маски, но не е затоа што тие не се корисни во превенција на заразата.
CDC не ги зема во обзир маските едноставно затоа што многумина не ги носат правилно.