Се проценува дека во светот има дури 5 милијарди корисници на мобилни телефони. Не треба да го занемариме влијанието што тие го имаат врз нашето секојдневно функционирање, но и на нашето здравје.

Различни видови на електромагнетни бранови

Треба да се заштитиме од зрачењето, но за да го направиме тоа прво треба да сме запознаени со тоа колку мобилните телефони зрачат.

По дефиниција, електромагнетно зрачење е физичка појава низ која се шират електрични и магнетни бранови, односно фотони. Во електромагнетниот спектар има јонизирачки и нејонизирачки зраци. Во нејонизирачките спаѓаат микробранови, видлива светлина, инфрацрвени и ултравиолетови зраци. Бидејќи мобилните телефони испуштаат мали дози на ниско фреквентни радио бранови, тие исто така користат и нејонизирачки зраци.

Штетни последици од зрачењето

Смартфоните се софистицирани радиоапарати, тие имаат последици по човечкиот организам, иако не премногу значајни.

Дали зрачењето на телефоните влијае на здравјето?

Без оглед на многубројните истражување, не постојат доволно докази со кои може да се потврди штетното влијание на мобилните телефони врз физичкото здравје. Меѓу краткорочните ефекти се зголемена температура и затоплување на кожата, а во долгорочните последици се истражува развојот на тумор на мозокот.

Како да го намалите зрачењето на смартфонот?

Ако сакате да бидете побезбедни и да го избегнете зрачењето на мобилниот телефон, најдобро е да ја ограничите нивната употреба, а ова особено се однесува на вашите деца. Не треба да им давате да користат смартфони, таблети и слично додека се развиваат.

За крај, еве и неколку совети како да се намали влијанието на зрачењето на мобилниот телефон:
  • Разговарајте кратко
  • Повиците заменете ги со порака
  • Користете слушалки при подолги повици
  • Не го носете мобилниот во џеб
  • Телефонот не треба да ви биде блиску до главата додека спиете
  • Ограничете ги разговорите кога сигналот е слаб бидејќи со тоа се зголемува фреквенцијата, а со тоа и зрачењето
  • Ограничете ја употребата на телефон кај децата.

Извор: B92.net