WhatsApp веќе некое време работи на создавање различни теми за чатови, а сега резултатите се конечно видливи.

Корисниците кои ја имаат бета верзијата на апликацијата WhatsApp објавија како изгледаат овие теми, па можеме да видиме дека меѓу другото е можно да се изберат различни бои за разговори.

Друга апликација за пораки во сопственост на Мета, Facebook Messenger, ја има оваа опција долго време и затоа е можеби малку чудно што WhatsApp ја имплементира дури сега.

На корисниците им се достапни дури 22 теми и 20 бои, а додека темите автоматски ја менуваат бојата на пораките, сепак ќе може да се стави wallpaper за чат притоа задржувајќи ја бојата на пораките.

Темите се приватни, што значи дека секој учесник во разговорот може да ја стави онаа што му одговара – значи, не како во Messenger, каде што кога се менува, се менува за секого.

Како што рековме, само бета корисниците можат да ги пробаат темите за разговор засега, додека оние со обичната апликација ќе треба да почекаат уште малку.