Корисник на Твитер од Велика Британија напиша навредлив пост во, како што тврди, пијана состојба и доби тешка казна со која докажува дека не вреди да се пишува „глупости“ на социјалните мрежи.
Џозеф Кели, 36-годишен корисник на Твитер од Велика Британија, беше осуден на 150 часа општествено корисна работа поради објавување навредлив твит за покојниот Сер Том Мур, офицер на британската армија кој собирал пари за Националната здравствена служба (NHS) за време на пандемија.
Според The Verge, Мур станал национална икона на Британија откако направил 100 круга околу својата градина пред својот 100-ти роденден. Овој потфат, беше емитуван на националната телевизија, а кралицата Елизабета Втора подоцна го прогласила за витез.
Мур почина на 2 февруари минатата година, а Кели ден по неговата смрт на Твитер објави дека единствениот добар британски војник е мртвиот и посака „старецот“ да изгори.
– „The only good Brit soldier is a deed one, burn auld fella buuuuurn“.
Кели беше прогласен за виновен тој месец и му се закануваше затвор. Но, тој успеа некако да се „извлече“ тврдејќи дека има малку следбеници на Твитер, дека пиел пред да ја напише објавата и дека твитот го избришал по само 20 минути.