Коронавирусот останува на кожата пет пати подолго од вирусот на грип

пред 4 години

И коронавирусот и вирусот на грип се инактивираат во рок од 15 секунди со примена на етанол, што се наоѓа во средствата за десинфекција на рацете. Коронавирусот на човечката кожа е активен девет часа, пет пати подолго од вирусот на грип, утврдија јапонските научници, а нивното откритие повторно укажува на потребата од често миење на рацете за борбата против Ковид-19 да биде што е можно поефикасна. За споредба, патогенот што го предизвикува грипот, преживува на кожата околу 1,8 часа, покажуваат резултатите објавени во списанието Clinical Infectious Diseases. „Деветчасовното преживување на SARS-CoV-2 на човечката кожа, сој на вирусот што го предизвикува Ковид-19, може да го зголеми ризикот од негово пренесување во споредба со IAV, вирусот на грип од типот А, влијаејќи така на забрзувањето на ширењето на пандемијата“, предупредуваат јапонските научници. Во својата студија ги тестирале примероците на кожата земени во текот на обдукциската постапка отприлика еден ден од смртта на пациентот. И коронавирусот и вирусот на грип се инактивираат во рок од 15 секунди со примена на етанол, што се наоѓа во средствата за десинфекција на рацете. „Подолгото преживување на SARS-CoV-2 на кожата го зголемува ризикот од пренос со контакт, но редовната хигиена на рацете може да го намали тој ризик“, стои во студијата. Со студијата се потврдуваат и препораките на Светската здравствена организација за редовно и темелно перење на рацете за да се ограничи преносот на вирусот.

Share
Scroll to Top