Космичките зраци годишно предизвикуваат помеѓу 30 и 40 илјади дефекти кај домашните комуникациски мрежни уреди во Јапонија, откри јапонскиот телекомуникациски гигант „Нипон телеграф и телефон“ (NTT).

Повеќето таканаречени „благи грешки“, или привремени дефекти во мрежниот хардвер на јапонскиот телеком, се автоматски поправени преку безбедносни уреди, но во некои случаи експертите велат дека тие може да доведат до прекини.

Ова е првпат степенот на благи грешки кај домашната информациска инфраструктура да стане очигледен.

До благи грешки доаѓа кога податоците во електронските направи се оштетени откако неутроните, создадени кога космичките зраци се судираат со кислородот и азотот во атмосферата, се судираат со полуспроводниците во опремата.

NTT ја измерил фреквенцијата на благите грешки и заклучил дека дневно има околу 100 дефекти во домашните сервери.

Извор: B92.net