Некои гејмери ​​се малку попребирливи кога станува збор за нивната опрема. Само за нив, направен е специјален Xbox контролер, кој чини приближно исто колку и луксузен автомобил.

Станува збор за контролер направен од компанијата Expert Casting, тежок е 1,5 килограм, а е изработен од 18-каратно злато, додека неговата цена изнесува неверојатни 87.000 долари.

Некои од проблемите со кои производителот морал да се соочи се поврзани со функционалноста, бидејќи речиси сите подвижни и флексибилни делови се изработени од злато.

Погледнете на видеото погоре како изгледа ова парче луксуз.

Извор: B92.net