Ако сте обожавател кој сака да ја покаже својата приврзаност кон хит корејската серија на Netflix, Squid Game, тогаш имаме добри вести за вас – постои криптовалута за тоа.
Squid (лигњите), кои се тргуваа за околу 1 цент во вторникот, достигнаа 2,34 долари (1,70 фунти) во петокот, што е скок од повеќе од дваесет пати или 2.300 проценти.
Неговата пазарна капитализација, или вкупниот обем на пазарот, е 184 милиони долари (133 милиони фунти).
Дистописката серија, која раскажува приказна за група луѓе принудени да играат смртоносни детски игри за пари, стана вирална сензација.
Squid е она што е познато како криптовалута „play-to-earn“, каде што луѓето купуваат токени за да играат во онлајн игри каде што можат да заработат повеќе токени. Тие потоа може да се заменат за други криптовалути или фиат пари.
Во случајот со Squid, многу клиенти ќе бидат играчи кои сакаат да играат во програмата за онлајн игри, која започнува во ноември.
„Колку повеќе луѓе ќе се приклучат, толку ќе биде поголем наградниот фонд“, се наведува во белата книга на платформата, во која се вели дека програмерите ќе земат 10 отсто од котизацијата, а останатите 90 отсто ќе му припаднат на победникот.
Поединечните рунди имаат трошоци за приклучување – на пример, играње 1 рунда: црвено светло, зелено светло ќе го чини играчот 456 squid-а – со вкупно шест рунди кои стануваат се поскапи.
„Оваа криптовалута се придружува на долгата и растечка листа на дигитални монети и токени поврзани со случајни мемиња или културни феномени. Интересно е што многу такви монети брзо привлекуваат инвеститори, што доведува до диво формирани вредности. „Наивните малопродажни инвеститори фатени во такво шпекулативно лудило се соочуваат со ризик од значителни загуби“, изјави за Би-Би-Си економистот од Универзитетот Корнел, Есвар Прасад.
Play-to-earn игрите станаа сè попопуларни за време на пандемијата бидејќи растот на онлајн игрите го поттикна развојот на технолошкиот сектор GameFi, кој комбинира забава со алатки за правење вистински пари.
Се очекува метаверзумот да помогне овој сектор да се развие уште повеќе.
Не само крипто трговците имаат корист од популарноста на Squid Game. Претплатите на Нетфликс се зголемија кога беше објавена програмата. Според Bloomberg, корејската серија се проценува дека вреди околу 900 милиони долари за стриминг гигантот, откако чинела само 21,4 милиони долари.
Извор: Klix.ba