Популарниот аналитичар Минг-Чи Куо во својот најнов извештај сугерира дека Apple работи на два нови MacBook Pro лаптопи, кои повторно ќе имаат читач на SDSX картички и HDMI порт. Лаптопите ќе се најдат во продажба подоцна во текот на годината.

Иако тоа не е истакнато во извештајот, најверојатно се работи за 14-инчниот и 16–инчниот MacBook Pro модел за 2021. година, кои ќе користат некоја варијанта на M1 чипот на Apple.

Ова е втор пат да слушаме дека Apple планира да го врати читачот на SD картички во своите латопи. Ќе биде интересно да се види и кој порт Apple ќе го користи за HDMI. Сегашните MacBook модели имаат USB-C портови.

Се сугерира дека Apple ќе го имплементира редизајнот во своите Mac модели за оваа година, со рамни страни, без TouchBar, љ најверојатно ќе се врати и MagSafe магнетниот конектор за полнење.