Почетната цена на билетите за необичниот лет во Австралија, во економската класа изнесувала повеќе од 300 евра, а билетот во бизнис класата повеќе од 1.200 евра.

Авиокомпанијата Qantas нуди нов „лет до никаде“ што ќе им даде можност на австралиските патници ентузијасти да го набљудуваат целосното затемнување на Месечината од висина од 12.000 метри.

И овој „лет до никаде“ бил распродаден за рекордно време – за само 2,5 минути. Цената на билетот за оваа необична дестинација за економска класа изнесувала над 300 евра, а за бизнис класата повеќе од 1200 евра.

Авиокомпанијата ветува прилично спектакуларен поглед на Месечината, имајќи предвид дека соработува со астрономот Ванеса Мос за дизајнирање на најдобрата орбита, која самата ќе биде на летот за да ги забавува патниците со факти и сознанија за затемнувањето на Месечината што ќе се случи на 26 мај.

Целосното затемнување на Месечината треба да биде видливо од Австралија, Нов Зеланд, некои пацифички територии и западниот брег на САД.

Иако е опасно да се следи затемнувањето на Сонцето директно, сосема е безбедно да се восхитувате на затемнувањето на Месечината.

За овој лет, кој ќе трае три часа, избран е „Боинг 787 Дримлајнер“, бидејќи е идеален за ваков вид патувања поради големите прозорци.