Листата на познати симптоми на Ковид-19 болеста уште еднаш е проширена. Сега на неа се наоѓаат и чувството на слабост, лошо ниво на шеќер во крвта и гастроинтестинални тегоби.

Со анализа на 12.000 пациенти од пет њујоршки болници, научниците откриле дека 57.5 отсто од позитивните Ковид пациенти се жалеле на чувство на слабост. Исто така кај 55.5 отсто од пациентите шеќерот во крвта бил надвор од контрола, а 51.4 отсто од пациентите најмногу се жалеле на гастроинтестинални тегоби.

Истражувањето кое што неодамна било објавено во научното списание „American Journal of Medicine“, открило дека и пациентите постари од 65 години повеќе се жалеле на нетипични симптоми, како појава на умор и слабост.

Потоа истражувањето открило и дека пациентите биле дехидрирани, со променлив ментален статус (под кој што спаѓа и чувство на слабост) или пак кај кои нагло паѓало нивото на шеќер во крвта, а на некои од нив им се заканувал и ризик од смрт поради компликации од болеста Ковид-19.

„Тие нови откритија можат да им помогнат на болниците во организацијата за различните пациенти, но исто така можат да им помогнат на членовите од семејствата и луѓето кои што работат со пензионерите за подобро да ги препознаат знаците на предупредување на заразата од новиот коронавирус“, вели Кристофер Клифорд, коавтор на истражувањето од Универзитетот за медицина „Icah“ во Њујорк.

Извор: Zimo.hr