Помеѓу 10 и 15 отсто од населението во Русија е имуно на коронавирус, а тој имунитет може да трае неколку години, тврди Петар Чумаков, експерт од Институтот за молекуларна биологија „Ингелхард“ при Руската академија на науките.
Според него, тоа е можно ако лицето имало друг коронавирус.
„Можеби таа личност сè уште има Т-клетки, односно клеточен имунитет што го препознава и овој нов коронавирус, тој е заштитен од повторна инфекција“, рече Чумаков во интервју за агенцијата УРА.РУ.
Тој исто така тврди дека луѓето кои неодамна имале грип имаат мали шанси да се заразат со коронавирусот затоа што во крвта имаат многу антивирусен протеин интерферон, што спречува нова инфекција, пренесува ТВ Звезда.