Македонски Телеком ќе донира два милиони денари за помош на граѓаните кои живеат во областите погодени од големите пожари. Донацијата ќе се реализира во соработка со Црвениот Крст на РСМ.
Техничките екипи на Македонски Телеком се постојано на терен, за да ги санираат штетите од пожарите на телекомуникациската опрема. Благодарение на овие вонредни активности, мрежата засега е функционална, а граѓаните остануваат поврзани.





