Малиот робот ќе може да ги замени нуркачите во бројните истражувања во кои не смеат да се користат подводни средства за да не се оштетат кревките предмети и затоа е идеален за истражување на коралите.

Британски научници дизајнираа робот во облик на медуза, кој не само што го имитира нежното пливање на ова животно, туку и неговата мека структура, за да може да ги истражува корални гребени, а притоа да нр ги оштети.

Малиот робот, претставен во научното списание Science Robotics, го имитира начинот на „кој се движат најефикасните пливачи што ги наоѓаме во природата, како што е ушната капа (Aurelia aurita)“, велат научниците од Универзитетот во Саутемптон во Јужна Англија и Единбург во Шкотска.

„Научниците одлучија да го истражат „единственото“ обележје на овие „фасцинантни“ организми, со цел да конструираат алат за подводно истражување“, објаснува професорот Франческо Џорџо Серчи од Универзитетот во Единбург.

„Овие организми немаат скелетна структура, што сепак не ги спречува одлично да пливаат“, додава тој.

Роботот има глава направена од каучук и осум „пипала“ изработени со 3Д печатач. За движење користи резонантен систем, при што клипот удира на спојот помеѓу главата и пипалата. Ако клипот удри при идеална фреквенција, тоа му овозможува на роботот со многу малку вложенаенергија да произведува водопади и да се движи напред, станувајќи „десет до педесет пати поефикасен од малите подморски возила со пропелер“.

„Благодарение на овој систем на движење и мекото тело, роботот е идеален за работа во чувствителни живеалишта како што се корални гребени, но и на археолошките наоѓалишта и во водите каде што има многу пливачи“, се наведува во истражувањето.

Малиот робот ќе може да ги замени нуркачите во голем број истражувања во кои не смеат да се користат подводни средства, за да не се оштетат кревките предмети и затоа е идеален за истражување на коралите.

Роботот медуза е веќе тестиран во базен, но не и во реални услови во океанот.

Универзитетот Саутемптон сега сака  врз основа на тој робот да изгради „автономно подводно возило со кое може да се управува“.